Во Белград во близина на бегалскиот камп е најден убиен 16-годишен мигрант од Авганистан, осомничен за вчерашното убиство на друг мигрант, сите со потекло од Авганистан.

Полицијата се сомнева дека ова убиство е одмазда за вчерашното. Зад него најверојатно стои група Авганистанци, блиски до 21-годишникот, кој беше избоден со нож сред Белград.

Граѓаните на Белград се вознемирени и бараат воспоставување контрола над мигрантите и безбедност на улиците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.