Во Белград во општината Врачар, во делот на Црвен Крст на улицата Видовданска денес се сруши зграда лоцирана на парцела до актуелно градилиште. Поради уривање на станбената зграда, во тек е евакуација на станарите, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што неофицијално дознава порталот Нова.рс, зградата започнала да се урива затоа што најверојатно биле поткопани нејзините темели од градилиштето лоцирано на парцелата до неа.
Засега нема информации дали има повредени и колкава штета е предизвикана, а според станарите, зградата се заканува целосно да се сруши и да остави бројни семејства без покрив над главата.
Како што пишува српски „Курир“, повикувајќи се на неофицијални информации, на градилиштето покрај таа зграда поставени се шипови, кои предизвикаа пукање и уривање на оваа станбена зграда.
Увидот на инспекцијата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.