Во оперативната акција „Уникат” на подрачјето на Бања Лука, полицијата на Република Српска пронајде голема лабораторија за производство на марихуана и уапси четири лица.

Станува збор за вештачка лабораторија за производство на сканк, во која, според проценките, е пројаден еден тон дрога.

Акцијата е спроведена од полициски службеници при Управата за организиран криминал во Министерството за внатрешни работи на Република Српска, под надзор на Окружното јавно обвинителство на Бања Лука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.