Во автомобил во Панчево, Србија се пронајдени безживотни тела на маж и жена.

Според српските медиуми телото на мажот М.Ж (41) од Велико Градиште и сопругата на М.С. (31) со живеалиште во Панчево биле пронајдени во патничко возило околу 15 часот на улицата Стерија во Панчево.

Според неофицијални информации, се сомнева дека станува збор за убиство и самоубиство.

Телата биле пронајдени со прострелни рани во главата во сив „голф“ регистриран на име на жената. Неофицијално, во автомобилот бил пронајден пиштол.

Истрагата е во тек.

Според Вишото јавно обвинителство во Панчево, ќе се нареди форензичка обдукција, а по што ќе се знаат причините за смртта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.