Во центарот на Атина ќе биде поставен споменик на Александар Велики, висок 3, 5 метри пишува грчкиот весник „Катимерини“. Споменикот е дело на еден од најпознатите грчки скулптори, Јанис Папас.
Споменик на Александар Велики во Грција има само во Солун, а најголемиот споменик на еден од најголемите војсководци во историјата поставен е во центарот на Скопје.
Неодамна по грчките медиуми се објави информацијата дека министерката за култура на Грција побарала замена на споменикот „Тркачот“ во Атина со оној на Александар Велики во Скопје. И во Македонија и во Грција оваа идеја не наиде на позитивен прием.
Со Договорот од Преспа се регулира и прашањето за спомениците во Скопје. Македонската страна прифати на дел од нив да се стави натпис со објаснување дека спомениците се однесуваат на периодот и на личностите од грчката култура во античкиот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.