Во Албанија, од 11 ноември минатата годна, кога почна процесот на вакцинација, до денеска вакцинирани се 1.270.057 лица што е 57,7 отсто од планираните 2,2 милиони.
Информацијата на социјалните мрежи ја објави премиерот Еди Рама по пристигнувањето на новата пратка од 45.630 вакцини на компанијата Фајзер.
На аеродромот „Мајка Тереза”, пристигнаа 45.630 дози вакцина „Фајзер” со што бројот на вакцини во Албанија достигна на над 1,8 милиони. Досега вакцинирани се 1.270.057 граѓани, но опфатеноста треба да расте. Ги повикувам граѓаните кои се уште не се вакцинирани да ги искористат преостанатите денови од август за да се вакцинираат против Ковид-19. Вакцината спасува живот. Албанија се насмевнува, напиша Рама.
Албанија, според националната стратегија, планира до средината на идната година да вакцинира со две дози 2,2 милони лица за што ќе набави над 4,4 милиони дози.
Во меѓувреме епидемиолошката состојба во земјата се влошува. Просечно дневно се регистрираат по над 120 нови случаи, повеќето од нив со делта сојот.
Ако месец јули бше заокружен со 425 активни случаи сега тој број е над 1.200 од нив 35 отсто во Тирана. Расте и бројот на хоспитализирани лица во Инфективната клиника во Тирана, каде се лекуваат над 40 лица а по еден подолг период има и починати ковид пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.