Поради пандемијата со Ковид-19 учебната 2019/2020 година во Албанија ќе заврши без можност учениците и студентите да се вратат во училишните простории.
Информацијата вечерва ја соопшти министерката за образование Беса Шахини преку онлајн комуникација.
Како што ви ветив, би сакала да ве информирам за одлуката што ја донесовме, за крајот на учебната година. Училиштата и универзитетите во Албанија, кои беа затворени на деветти март, ќе останат затворени поради ситуацијата предизвикана од глобалната пандемија, Ковид-19. Повторно ќе се отворат во септември,изјави Шахини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.