Во голема полициска акција во повеќе градови во Албанија, уапсени се 32 лица меѓу нив и полициски службеник, кои се занимавале со недозволена трговија со луѓе од Албанија кон западно европските земји и САД, јавува МИА. Полицијата соошти дека се запленети и апарати со кои се изработувале фалсификувани документи, поголем износ на пари, автоматска пушка фалсифкувани документи и оти се трага уште по четири лица.

Акцијата „Погрешен пат“ беше спроведена во Тирана, Драч, Елбасан, Корча, Фиер, Валона, Берат и Ѓрокастро, а беа вклучени 250 полициски службенци. Членовите на оваа криминална група ги снабдувале заинтересираните лица со фалсификувани патни исправи и други документи за патување во земјите на ЕУ, за што наплатувале од 3 до 5 илјади евра, за САД и Канада по 20.000 долари и за Велика Британија 10.000 фунти, соопшти полицијата.

Лицата со фалсификувани пасоши за одредената дестинација тргнувале од Албанија, Црна Гора, Италија, Грција, Франција и Норвешка.

Големата акција на албанската полиција, реализирана во соработка со меѓународните партнери, ја поздрави министерот за внатрешни работи Сандер Леши, оценувајќи ја како „силен удар против организираниот кримнал“.

Последователен силен удар против организираниот криминал. Шверцерите ги мамат граѓаните, го поткопуваат слободното движење и нашата европска иднина. Борбата протв органзиранот криминал, мисија во служба на иднината, напиша Леши на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.