Албанската министерка за здравство Огерта Манастирлиу изјави денеска дека сите граѓани кои примиле вакцина против коронавирус на руски и кинески производители, ќе добијат потврда за вакцинација.

Таа рече дека, и покрај фактот што ЕУ сè уште не ги одобрила вакцините, граѓаните нема да трпат последици поради тоа, пренесува порталот „Егзит“.

Според неа, дури и ако се воведат т.н. ковид- пасоши, граѓаните кои примиле руска или кинеска вакцина нема да бидат дискриминирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.