Од утре до недела на полноќ во Албанија се забранува меѓуградскиот сообраќај, како и движење на приватни возило кон осум од дванаесетте окрузи во земјата, објави албанскиот премиер Еди Рама на „Фејсбук“.

Барајќи разбирање од граѓаните, тој наведува дека ова е единствениот начин да се спречи брзото ширење на коронавирусот во земјата, каде само во последните 24 часа регисрирани се нови осум случаи, со што бројот на заразените достигна 23 лица.

Од утре во шест часот до недела на полноќ се забранува меѓуградскиот сообраќај, како и движење на приватни возила од Тирана и Драч кон другите области, како и меѓуградскиот сообраќај Тирана-Драч и обратно. Исто забраната важи и за Скадар, Валона, Лежа, Елбасан, Фиер и Љушња, наведува Рама.

Сообраќајот во овие подрачја ќе биде отворен само за амбулантни возила, возила што вршат функции на државни служби и за оние кои превезуваат прехрамбени и други прозводи за широка потрошувачка.

Тој апелира до граѓаните строго да ги почитуваат сите препораки и мерки и додава „страв воопшто, внимание да“.

Премиерот Рама претходно им се заблагодари на верските заедници, кои одлучија, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, да ги прекинат сите верски активности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.