Албанското Министертво за здравство и социјална заштита информира дека денеска вакцина против Ковид-19 примиле 1.028 лица, главно здравствени работници, но и постари лица од 80 години.

Според Министертвото, досега во земјата со имунизацијата се опфатени 13.495 лица од кои 500 веќе ја примиле и втората доза од вакцината.

Утре приситигнува пратка со 15.000 вакцини од компанијата „Фајзер“, што со претходно добиените станува збор за количина од 31.380 од договорените 500.000 со оваа компанија.

Вакцинацијата почна на 11 јануари со добиените 975 вакцини од, како што тогаш изјави премиерот Еди Рама, една пријателска земја. Најдоброто сценарио за целосно да се заврши процесот на вакцинација на популацијата постара од 18 години е 14 месеци.

Во меѓувреме продолжува негативниот тренд на новозразени и починати присутен во текот на целиот месец.

Во последните 24 часа од направените 3.805 тестови, вирусот е дијагностициран кај 952 лица што е 25 отсто од тестираните. Во исто време оздравни се 804, а починале 21 пациент. Во четирите ковид болници во Тирана и трите регонални болници хоспиталзирани се 662 пациенти, од кои 49 на интензивна терапија, додека 14 се интубирани.

До сега во Албанија направени се 466.785 тестови, позитивен резултат е добиен кај 107.167, оздравеле 69.773, активни на болеста се 35.598 а починале 1.796 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.