Албанското Министерство за здравство и социјална заштита доцна синоќа соопшти дека од „Ковид-19“ починала 82-годишна жена од Тирана, со што бројот на почнатите од овој опасен врус се зголеми на 12 лица.

Пациентката Л.М. (82) пред пет дена беше хоспитализирана во Инфективната клиника во Тирана, а состојбата пред два дена и се влоши, па и покрај напорите на лекарите не успеа да преживее.Таа боледуваше и од бронхијална астма, хипертензија и подагра (ревматисмална болест), стои во соопштението на министерството.

Министерството за здравство и социјална заштита изразува длабоко сочувство до семејството на починатата и апелира граѓаните ригорозно да ги почитуваат мерките за социјална дистанца и изолација, бидејќи „тие се одлучувачки во спречувањето на ширењето на Ковид-19“.

Со вчера соопштените официјални податоци, во земјата има вкупно 223 заразени со Ковид-19,од нив 12 починати, а 44 излекувани. Во Инфективната клиника се над 70 пациенти, од нив седум се на интензивна нега, од кои неколку интубирани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.