Институтот за јавно здравје на Албанија соопшти дека во земјата циркулира вирусот на свински грип – АХ1Н1 и оти се потврдени првите два случаи на заразени, пренесе Ора њуз.

Присуството на некои вируси на грип, како и коронавирус, се очекува да ја влоши ситуацијата во наредните месеци. Поради тоа, здравствените експерти повикуваат на вакцинација против сезонски грип и коронавирус, додава телевизијата.

Во меѓувреме во земјата активни на ковид-19 се 8433 лица, од нив 172 се на болнички третман од кои 29 во критична состојба. Во последното деноноќие потврдени се 194 новозаразени од направените 2587 тестови, како и 7 починати на возраст од 53 до 79-годишна возраст.

Во исто време, се зголемува бројот на заразени со сезонски грип, кој сѐ повеќе се шири и меѓу децата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.