Во Албанија денеска почнува новата учебна година, а со тоа стапува во сила одлуката на комитетот на експерти за справување со пандемијата, според која наставниот кадар мора да поседува сертификат за вакцинација или негативен тест, што треба да го прават еднаш неделно. Од 11 октомври тоа важи за студентите. Алтернативата за немање сертификат за вакцинација ќе биде неделниот тест или алтернативна настава за невакцинирани студенти.
Зголемениот интерес во текот на отворените месеци за вакцинација довело до над 80 отсто од наставниот кадар во основните и средните училишта да е вакциниран со една доза и над 60 отсто со две дози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.