Албанскиот државен комесар за избори, Илирјан Челибаши, на денешната конференција на тема „Цената на демократијата“ што се одржа во Тирана, рече дека и понатаму како проблем останува „финансирањето на партиите од светот на криминалот или нелегалните бизниси“.
Тој нагласи дека ако политичките партии бидат транспарентни и дејствуваат легално, земјата ќе има општествен напредок.
-Многу значаен е односот на парите и политиката во изборите. Природно се поставува прашањето зошто е толку важен тој однос. Затоа што постои голема загриженост кај граѓаните. Односот помеѓу парите и политиката може да ги натера да имаат поголема надеж во финансиските интереси отколку граѓаните. Вклучувањето на сите фактори е одлучувачко во пристапувањето кон овој проблем, какво е финансирање, како одат парите кај политичарите, како влијаат врз нив, стандардот на демократијата и развојот на земјата,рече тој.
Оцени дека доколку има легитимитет и одговорност, владата ќе биде поодговорна, а општеството ќе има поголем општествен напредок.
-Треба да се следи купувањето и продажбата на гласови, финансирање од надворешни сили, кои ја загрозуваат и
националната безбедност. Финансирањето на партиите е предвидено со посебен член во Уставот. Донациите од бизнисот може да доведат до злоупотреба во политичките финансии,смета Цилибаши.
Посочи дека финансиските извори на партиите јавно се објавуваат а измените во изборниот законик имаа за цел да воспостават појасни правила и попрецизни процедури.
На конференцијата која се одржува на неполни три месеци пред парламентарните избори(25 април) амерканската амбасадорка Јури Ким, порача дека треба да бидат фер и транспарентни, полтичките партии да не ставаат криминалци и корумпирани лица на кандидатските листи а од граѓаните со право на глас побара да не го продаваат својот глас
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.