Во Инфективната клиника во Тирана почина пациент од Фиер, кој пред два дена бил хоспиталзиран со дијагностициран „Ковид19“.

„Пациент на 66-годишна возраст од Фиер, позитивен на коринавирус утрово ненадејно почина од инфаркт. И покрај максималните напори на лекарите тој не успеа да преживее. Пацентот боледуваше и од други болести, соопшти Минстертвото за здравтсво.

Пациентот од Фиер е осмата жртва од коронаврус во Албанија и втора во изминатите 24 часа.

Со вчерашните соопштени податоци, во земјата бројот на заразените од Ковид-19 изнесува 174. Досега 17 лица од заболените се излекувани, но остануваат во домашна изолација во период од 14 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.