Во Албанија во 2022 година повеќе нема да функционира отворениот шалтерски систем и сите услуги ќе се вршат преку онлајн платформи, најави премиерот Еди Рама.

-Во 2022 година ќе ги затвориме сите шалтери, нив повеќе нема да ги има. Како што дојде пандемијата кај нас а не не праша никој за тоа, по што практично сите го користеа eAlbanian. Жално е што додека го имаме овој механизам да има и трошоци. Ќе овозможиме во сите случаи да нема проблем со услугата на платформата eAlbanian за тоа што сакате и каде да ги проследите барањата но и жалбите доколку не добиете одговор во потребното време, рече Рама.

Тој предупреди на финансиски санкции за одговорните во релевантните сектори, кои намерно ќе ги одложат одговорите на граѓаните.

-Има стотици луѓе кои се таму да се справат со вашето барање, според областа, новиот сервисен систем е таков што на компјутерски начин со црвена ознака ги прикажува сите случаи кога граѓаните се пријавиле и рокот доколку е прекршен. Во тој момент шефот, министерот, владата дознаваат дека на граѓанинот Х од село Y не му е испочитуван рокот. Во тој момент започнува истражната постапка, по што ќе следуваат санкции, дообјасни тој.

Додаде дека поддржувачкиот елемент и на службите и на платформата е антикорупциската единица што веќе е формирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.