Во последното деноноќие во Албанија е забележано благо намалување на бројот на новозарзени со Ковид-19, но помал е и бројот на тестирани сомнителни случаи.
Од тестираните 2.108 сомнителни случаи опасниот вирус е дијагностициран кај 611 што е 30,2 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се впишани 505 лица, додека битката со опасниот вирус ја изгубија 13 пациенти на возраст од 38 до 82 години – информира Министертвото за здравство и социјална заштита.
Министерството апелира до граѓаните и деловните субјекти да бидат внимателни и строго да ги почитуваат утврдените мерки и протоколи.
Оттаму ги советуваат граѓаните при појава на симптоми на вирусот веднаш да се јават кај матичниот лекар, да не се чека болеста да напредне, туку според оценката на лекарот да се хоспитализираат во една од болниците.
Од почетокот на март досега направени се 223.784 тестови, позитивен резултат е добиен кај 49.101, оздравеле 25.850, починале 1.016, додека активни на болеста се 22.850 лица. Во четирите ковид болници хоспитализирани се 433 пациенти, 24 на интензивна терапија, додека 11 се интубирани -наведуваат од албанското минстерство.
Поради пендемијата од Министерството за образование, спорт и млади најавија продолжен зимски распуст, како и дополнтелни продолжени одмори, за што ќе се одлучува деновиве.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.