За влез во Грција, потребно е, покрај другите сертификати и документи, да се пополни формуларот PLF најмалку 24 часа пред да се премине границата. Иако формата е потполно бесплатна, на Интернет се појави веб-страница, која наликува на официјалната веб-страница на грчката влада, а за таа услуга наплатуваат дури 35 долари.

Оваа измама ја посочи порталот „Грција инфо“:

Кога внесувате „plf greece“ во пребарувачот Google, првите резултати се сајтови кои наплатуваат 35 долари за да пополнат формулар PLF и имаат платена реклама за да бидат на првото место во пребарувањето. На тој начин, тие ги наведуваат посетителите да одат на нивната, а не на официјалната веб-страница на грчката влада- се наведува на овој портал.

Ова е лажна страница www.passengerlocatorform-greece.com/en/, каде што само внимателен набљудувач ќе забележи дека наместо PLF всушност пишува PFL.

Единствената официјална страница на која граѓаните можат бесплатно да го пополнат формуларот за PLF travel.gov.gr.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.