Предлог-законот со кој се ратификува и влегува во сила Преспанскиот договор беше претставен во грчкиот парламент. Најверојатно во понеделник документот ќе биде разгледан од страна на комисијата за национална одбрана и надворешни работи и се очекува да биде изгласан до петок.
Предлог-законот на Министерството за надворешни работи на Грција е насловен „Ратификување на конечниот договор за решавање на
разликите наведени во одлуките на Советот за безбедност на ОН 817 (1993) и 845 (1993), престанок на Привремената спогодба од 1995 година и воспоставувањето на стратешко партнерство меѓу земјите“ и се состои од 3 члена.
Првиот член е потпишаниот договор од Преспа, вториот се однесува на издигнување на рангот на Канцеларијата за врски во Скопје во амбасада и на Службатата за конзуларни, економски и трговски работи во Битола во ранг на Генерален конзулат. Третиот член наведува дека законот стапува во сила по објавувањето во Државниот весник. Предлог-законот од 18 јануари 2019 година беше потпишан од грчкиот премиер Алексис Ципрас и министри од неговата влада
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.