Пратеничката на движењето „Самоопределување“ во косовското собрание, Фиторе Пацоли, изјави дека ако е точно оти Јамајка не го признала Косово, Вљора Читаку би требало да биде отпуштена, пренесува „Спутник“.
Косовскиот претседател Хашим Тачи во четвртокот на социјалните мрежи објави дека косовската амбасадорка во САД, Вљора Читаку, го известила дека Јамајка го признала Косово.
И иако уследија честитки и изрази на благодарност од Приштина, денеска таа вест беше демантирана. Ретвитувајќи ја пораката на Тачи, министерката за надворешни работи на Јамајка посочи дека земјата не го признала Косово.
Пацоли смета дека, ако е тоа вистина, Читаку би требало веднаш да поднесе оставка, пренесува приштинска „Коха диторе“. Таа додаде дека поради ваквите ситуации би требало да се „прочешлаат“ косовските амбасадори.
На Косово сега му требаат компетентни, професионални и одговорни амбасадори, за доброто на државата, а не амбасадори кои носат лажни информации – напиша таа на Фејсбук.
Инаку, владата на Јамајка уште пред 10 години одбила да го признае Косово иако САД го побарале тоа, покажува дипломатска телеграма на САД од 2009 година до која дошол „Викиликс“. Во документот се наведува дека САД преку својата амбасада на Јамајка ја наговарале владата за признавање на независноста на Косово на состанок на шефовите на дипломатии од двете земји.
Шефицата на дипломатија на Јамајка истакна дека не очекува промена во одлуката на владата, чиј став е дека сецесијата на која било територија треба да се реши со заеднички договор на вклучените страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.