Грција воведува задолжителен негативен ПЦР тест за сите странски државјани кои сакаат да влезат во земјата. Mерката стапува во сила на 19 декември во шест часот, објавува грчкиот дневен весник „Катимерини“.
Од министерството за здравство информираат дека мерката ќе важи за сите земји, вклучувајќи ги и оние од Европска Унија.
„Оваа одлука е дел од напорите на владата да ја стави пандемијата под контрола додека се појавуваат грижи околу новиот сој омикрон“, соопшти министерството за здравство на Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.