Ивана Рошуљ(23) од Стајиќ кај Зрењанин, почина, како што се сомневаат, од струен удар во купатилото во семејната куќа, во петокот навечер. Истражителите оваа смрт ја третират како несреќа, а вистинската причина за смртта ќе биде позната после обдукцијата.

После незабележната семејна трагедија во село крај Зрењанин, утеха за родителите и братот на Ивана нема. Во семејната куќа никој не можел да ги задржи солзите, не верувајќи дека никогаш веќе нема да ја видат Ивана.

За несреќата која го погоди целото село, единствено проговорил Душан Рошуљ, роднина на несреќното семејство.

Ивана во петокот навечер тргнала да се тушира. Брат и се подготвувал за работа. Влегла во купатилото. Во еден момент, нејзината мајка слушнала силен удар и слушнала дека Ивана паднала. Влегла во купатилото и ја затекнала ќерка и со тушот во рака. Тажно, потажно не може да биде – рекол роднината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.