Ангел Ангелов, бугарскиот амбасадор во Скопје упатил остар вербален протест поради инцидентот во Вевчани, објави на својот фејсбук-профил Екатерина Захариева, министерката за надворешни работи на Бугарија.
Амбасадорот Ангелов реагирал по информациите дека за време на карневалот во Вевчани било запалено бугарско знаме.
По повод медиумските објави за запалено бугарско знаме во село Вевчани во Република Македонија му порачав на бугарскиот амбасадор во Скопје Ангелов до Владата на РСМ да изрази силно незадоволство по овој вандалски чин. Амбасадорот Ангелов веќе упати остар вербален демарш во Министерството за надворешни работи на РСМ”, напиша Захариева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.