Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев изјави дека ја поддржува идејата за евентуалното формирање партија на Бугарите во Македонија.

– Тоа е нивно право, бидејќи Уставот им гo гарантира тоа право. Мислам дека тоа е вистинскиот пат по кој тие треба да ги штитат своите права заедно со бугарската држава, изјави Стоев на 16-та Светска средба на бугарските медиуми, што се одржа во Рилскиот манастир, во организација на БТА.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Стоев, таквата партија би бил „единствениот и вистински начин“ за Бугарите во земјава да ја обезбедат својата афирмација



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.