Министерот за надворешни работи на Албанија, Гент Цакај, вели дека Владата на Еди Рама не чувствува потреба да поднесе оставка поради недобивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ. Коментирајќи го предлогот за предвремени избори во Македонија, Цакај рече дека тоа го ветиле самите лидери, објави Алсат М.
Во Македонија имаше ветувања дека доколку не се случи ова поднесуваме оставка. Во Македонија се дадени уверувања дека овој процес е неизбежен и дека ќе се случи. Јас не знам дали премиерот на Албанија, јас или некој друг владин претставник од јануари дал ветување дека преговори ќе има. Ние рековме дека сме посветени и ќе направиме напори за отворање на преговорите“-изјави Гент Цакај, министер за надворешни работи на Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.