Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави денеска дека тој и целата влада ќе се стават во карантин откако биле во контакт со сенатор кај кого подоцна бил утврден коронавирус.
Лидерот на либералната партија, Орбан, рече дека сенаторот присуствувал на состанок на високи партиски функционери во понеделникот, пред да биде тестиран.
Орбан додаде дека тој и неговиот 17-член кабинет и сите сенатори од Либералната партија ќе се повлечат во карантин и ќе се тестираат.
Тој ги повика и новинарите што известуваат од неговите конференции исто така да се тестираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.