Шефицата на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сања Меденица, во утринската програма на ТВЦГ изјави дека епидемиолошката состојба во земјата е многу сериозна, дека локалното пренесување е големо и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките што можат да го спречат ширењето коронавирус.

Зголемувањето на бројката не е неочекувано, оваа моментална состојба го покажува нашето однесување од пред 10 до 15 дена. Нашите колеги ни кажаа дека граѓаните слабо се придржуваат до мерките и тоа се покажува сега – рече таа.

Зголемен е бројот на заразени лица, посочува таа, и тоа ќе го има и во иднина, бидејќи последиците од сегашното однесување се очекуваат за две недели.

Меденица вели дека мерките за превенција се дискутираат седум месеци и дека овие препорачани мерки треба да се почитуваат.

Тоа е мало, но ефикасно оружје и дава големи резултати и кај нас и во светот. Се уште нема вакцина и тоа е единствената мерка – рече таа.

Ако има преклопување на сезонски и коронавирус, Меденица вели дека сите треба да бидат подготвени за тоа.

Самиот грип е непредвидлив, од октомври до април, и ние следиме сè, но може да се појави во секое време. Може да се случи преклопување, но имаме вакцина против грип, а сè уште не и за коронавирус – рече таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.