Српскиот епидемиолог и член на кризниот штаб, Предраг Кон изјавил дека нема сомнеж дека коронавирусот се враќа.
Без разлика дали ќе се врати со поголема сила, ние ќе го чекаме. Овој вирус ни покажа дека не знаеме ништо за него, и дека едноставно сè што обично се случува со респираторни вируси, е тоа што во овие месеци, во овој дел од годината е многу активен и способен за пренесување – рекол д-р Кон, како гостин во шоуто „Око“ на РТС.
Кон посочил дека вирусот најмногу се пренесува во Белград на одредени прослави, како забави и родендени, но и со донесување торта во компанијата.
Сепак, имаме скоро меѓу 57 и 58 проценти од оние кои не знаат како се заразиле, што јасно покажува дека вирусот циркулира во Белград – рече Кон.
Тој изјавил дека новата состојба е нешто што не може да се игнорира и дека мора да се сфати многу сериозно и дека граѓаните мора да се придржуваат кон мерките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.