Позицијата на Бугарија за РепубликаМакедонија не е променета. Тоа го изјави пред новинари во Парламентот Кристијан Винегин, заменик-претседател на Народното собрание.
Винегин потсети дека вчера Министерството за надворешни работи ја потврдило таа позиција на Советот за заеднички работи на ЕУ.
Таа позиција се наоѓа и во коалицискиот договор. Таму исто така е запишано дека се поддржува широк консензус во Бугарија по тоа прашање – коментира Винегин.
Винегин им препорача на новинарите да ги видат и оргиналните текстови на интервјуата. Тој алудира на интервјуто на премиерот Кирил Петков за „Фајненшел тајмс“.
Начинот на кој е цитирано интервјуто во бугарските медиуми, не е тоа што се наоѓа во оргиналниот текст. Одново истакнувам – бугарската позиција останува единствена, таа е истата што е потврдена со одлуката на Народното собрание. Во нашиот договор пишува дека таа позиција останува и ќе биде надградена со идеи за нови заеднички комисии, за соработка во одделни области – рече Винегин.
Според него, додека Република Македонија не ги исполни ангажманите кон бугарската страна, нова позиција по тие прашања не може да има, и засега Бугарија не може да даде согласност за старт на преговорите меѓу Република Македонија и ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.