На екипата и стручниот штаб на КК Партизан денеска не им бил дозволен влез на територијата на Косово. Српскиот клуб се упатил кон Косово да даде поддршка на своите сонародници кои протестираат против мерките на Приштина, но и да одигра пријателски натпревар со Трепча, братски клуб на „црно-белите“ од 2014 година.

Партизан бил сопрен на граничниот премин „Јариње“. Песимизам дека ќе успеат да влезат на Косово изразил и претседателот на КК Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

Европа не знае што се случува на Космет. Преминот ни е забранет. Сакавме мирно да протестираме со својот народ и да одиграме пријателски натпревар, изјави првиот човек на Партизан.

Тој кажа дека проблемот настанал бидејќи експедицијата не била најавена.

Ни кажаа да одиме преку брдото, но не сакаме да ризикуваме апсење. Видете што се случува во 21 век, додаде Мијаиловиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.