Силно невреме синоќа и утрово погоди повеќе хрватски градови, при што е повредено едно лице, откако врз неговиот автомобил паднало дрво.
Во Далмација ветерот дуваше со брзина од 153 километри на час, а и денеска во некои делови во сила е жолт и портокалов аларм, а за Велебитскиот канал поради бурата објавен е црвен метеоаларм.
Во Пула и во Умаг ветерот корнеше дрва и носеше покриви, додека во Сплит пожарникарите го расчистуваат хаосот што го предизвика невремето.
И Загреб синоќа беше погоден од невремето, а пожарникарите интервенирале 34 пати.
За попладне во Истра се најавува смирување на бурата и постепено нормализирање на времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.