Поранешниот врховен командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, генерал Весли Кларк пристигна во Косово, каде го пречека министерот за одбрана Арменд Мехај.

Американскиот генерал допатува на покана на министерот Мехај, а како што е најавено, во текот на денот треба да оствари средби и со косовската претседателка Вјоса Османи, премиерот Албин Курти, претседателот на Парламентот Глаук Коњуфца и министерот за надворешни работи Доник Гервала-Шварц.

Генералот Кларк од денеска е и специјален советник на министерот за одбрана на Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.