Во Клиничко-болничкиот центар „Бежаниска коса“ во Белград за прв пат е поставен позитивен пациент на ковид на апаратот кој ги менува белите дробови. Пациентот потоа почнал да закрепнува.

Пациентот има 31 година и не бил вакциниран, а бил поставен на „вештачки бели дробови“ бидејќи повеќе не реагирал на ниту еден вид третман.

Директорката на КБЦ „Бежаниска коса“, д-р Марија Здравковиќ вели дека пациентот сега е одличен и дека сатурацијата му е зголемена на 96 и 97.

Пред да се стави на апаратот, сатурацијата беше од 78 до 80 и моравме да најдеме решение со сите мерки за лекување бидејќи имаше негативен редослед на настани, лоша реакција на респираторот, вели д-р Здравковиќ. .

Суштината на овој апарат, посочува докторката, е да се менуваат белите дробови додека истите не заздрават, бидејќи, како што вели, многу е важно да се најде нов тип на вентилација кај оние пациенти кои не ги излечиле белите дробови од ковид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.