Патријархот на Српската православна црква Иринеј ќе биде погребан во недела во 9 чаот во криптата на храмот „Свети Сава“ во Белград. На погребот ќе се обратат и српскиот претседател Александар Вучиќ, како и Милорад Додик.
Телото на патријархот до погребот ќе биде изложено во црквата, но нема да може да се бакнува, како што се правеќе на погребот на митрополитот Амфилохије, на кој од коронавирус заболе и самиот Иринеј.
Верниците ќе може да се приближат на неколку метри до телото и да се поклонат, а потоа да излезат надвот, рече свештеникот Драган Шовљански.
Тој ги замоли верниците да носат маски, да не се задржуваат премногу внатре во црквата и да не прават гужва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.