Тажни приказни секојдневно доаѓаат од Албанија, која пред неколку дена беше потресена од силен земјотрес кој одзеде 40 животи.
Во градот Туман, спасувачите од под урнатините ги извлекоа> телата на верениците Алмир Чаре и Стела Стенечи.

Тие останале заробени во станот, а освен нивните тела, било извлечено и телото на мало дете. Според медиумите од Албанија, тие се обидувале да го заштитат детето, но не успеале.

Албанските медиуми информираат дека пред две години, Стела го изгубила својот татко, а ноќта кога се случил катастрофалниот земјотрес, била со својот вереник Алмир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.