Откако беше однесен во притвор, водачот на криминален клан од Белград, Вељко Беливук, познат во јавноста како Веља Невоља, за 47 дена ослабел околу 20 килограми.

Според информации на српски „Курир“, 35-годишниот Беливук одлучил да го симне вишокот килограми, поради то по цел ден во келијата вежба. Тој се наоѓал во психички добра состојба, ги следел медиумските извештаи за него и неговите соработници и редовно добивал пакети од сопругата.

По апсењето на 4. февруари, Веља кратко време мина во притворското0 одделение на Специјалниот суд во улица „Востаничка“, каде што се сместени притвореници обвинети за организиран криминал. Сепак, Беливук набрзо беше пренесен во Окружниот затвор каде што е и денес, додека најблискиот соработник на Веља, Марко Миљковиќ Месар, останал во притвор во Специјалниот суд.

Беливук дели келија со уште еден маж, но не може да го откриеме неговиот идентитет. Веља не им се жали на стражарите, нема здравствени пробелми и времето во келијата најчесто го минува правејќи вежби. Ги симна вишокот килограми и ја врати кондицијата – отктива за „Курир“ добро информира извор.

Според негови зборови, Беливук има чести посети од неговата сопруга, која му испраќа пакети со храна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.