Доскорешниот шеф на криминалистичка полиција во Белград, Илија Милачиќ, уапсен е поради сомневање дека оддавал службени тајни на мафијашкиот клан на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља.

Имено постојат сериозни докази дека Миличиќ, само во последните неколку месеци дури 31 пати тајно се сретнал со Невоља и неговите соработници.

Некои од тие средби се случувале во мафијашкиот  „бункер“ на стадионот на Партизан, каде припадниците на кланот на Веља Невоља свирепо ги мачеле и касапеле своите жртви.

Наводно, уапсениот Милачиќ во неколку наврати на состаноците со мафијашите, одел во друштво на еден високо позициoниран функционер на МУП, чие име се држи во тајност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.