Светозар Вујачиќ, советник на министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, соопшти дека политичари од власта и опозицијата биле во контакт со уапсениот водач на криминалниот клан Вељко Беливук, познат како Веља Невоља

Како што истакнува советникот на Вулин, политичарите му овозможиле да го направи тоа што го правел, а за тоа му овозможувале и заштита.

Вујачиќ изјави дека со Беливук, кој бил нарачател на бројни брутални убиства, контактирале актери, спортисти и пејачи и дека јавноста буквално ќе се зачуди кога ќе се откријат нивните имиња.

Криминалната група на Беливук имала свои луѓе во обвинителството, судот и во државните органи и меѓу политичарите, од кои некои беа на високи позиции во државата. Без таа поддршка, тој немало да може да го стори она што го сторил. Тие документи се чуваат како строго доверливи и во оваа фаза, назначувањето на кој било од пријателите на Беливук би наштетило на истражната постапка – истакна Вујачиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.