Во Косово во изминатите 24 часа се регистрирани три починати лица, 76 новозаболени и 165 излекувани од Ковид-19. Вклучително последните официјални статистики, во земјата од почетокот на епидемијата има 604 смртни случаи и 14.839 заразени. Болеста ја совладале вкупно 11.949 лица, така што активни се 2.286 случаи.
Тирана – Во Албанија во изминатите 24 часа дијагностицирани се 144 нови случаи со Ковид-19, од 824 направени тестови. Битката со опасниот вирус ја добиле 65, додека починале тројца пациенти. Од вкупно заразените 11.816, активни на болеста се 4.740.
Софија – Во Бугарија во последните 24 часа регистрирани се 155 новозаразени со вирусот Ковид-19, а починале седум лица. Вкупниот број заразени сега изнесува 18.216, од кои активни се 4.423. Излекувани се 13.057 лица, од кои 127 во последните 24 часа.
Подгорица – Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 230 новозаразени и три смртни случаи од Ковид-19, соопшти Институтот за јавно здравје.
Направени се 953 тестови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.