Претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Вејсели изјави дека „Косово нема да биде во војна со Србија додека не биде загрозена косовската територија“, но дека доколу биде потребно подготвен е повторно да се активира.
Повеќе сум за дијалог со Србија. Остарев, но ако сè се сведува на тоа, верувам дека би се борел како млад човек, како што бев против Србија, изјави Кадри Вејсели пред приштинските медиуми.
Претседателот на ДПК, партија која политички произлезе од Ослободителната војска на Косово, вели дека е против размената на територии, бидејќи според него Косово ќе изгуби многу, пренесува РТС.
Оценува дека последните три свикувања на косовската влада паднале поради неодговорност кон граѓаните. Весели смета дека тие влади, од неодговорност, ги оставиле граѓаните без визи, споменувајќи ја демаркацијата и данокот на српските производи.
Тој тврди дека Албин Курти, како Премиер, нанел голема штета на Косово во многу краток период на владеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.