Поради снегот што падна во Горски Котар во Хрватска, на автопатот А6 Риека-Загреб се случиле неколку сообраќајни несреќи, пренесуваат регионалните медиуми.

Поради тоа, отежнат е и тековниот сообраќај.

Снег паѓа и во Лика, а во меѓувреме и метеоролозите во Србија најавија заладување и врнежи.

На некои делови од автопатот А6, се создале колони долги и околу два километра, се наведува во медиумските извештаи.

Поради снегот и зимските услови, воведени се забрани за камиони со приколки и полуприколки, а сите други возила мора да имаат зимска опрема на патиштата во Горски Котар.

Дожд и влажни тротоари, а на некои места и поголема количина вода на шеталиштата, го забавуваат сообраќајот во Истра, хрватското крајбрежје, северозападна Хрватска и Славонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.