Eвропската унија и нејзините земји-членки мора „енергично да ги бранат“ Кипар и Грција од турската агресија со „зголемен притисок на санкциите или со распоредување на поморските сили на ЕУ“ во Источниот Медитеран, доколку Турција не престане да го крши кипарскиот и грчкиот суверенитет, порача лидерот на Европска народна партија во четвртокот, Манфред Вебер.
Турција е важен партнер за Европа, но турската дипломатија со огнено оружје, нелегалното дупчење во ексклузивната економска зона на Кипар, кршењето на грчкиот воздушен простор и нејзините напади на грчката граница не се примери за конструктивно партнерство, рече Манфред Вебер на состанок на партијата на ЕПП во Европскиот парламент.
Тој истакна дека преговорите со Турција се историска грешка.
Преговорите за членство на Турција се покажаа како историска грешка, што во Турција предизвикува незадоволство и не ја доближи земјата до ЕУ. Должни сме да ги прекинеме преговорите на Турција со ЕУ и да разработиме нова правна основа за нашите односи со таа земја, истакна Вебер пред ЕП.
Анкара аплицираше за членство во ЕУ во 1987 година, а кандидатски статус доби во 1999 година. Европскиот совет во декември 2004 година оцени дека Турција ги исполнува критериумите за отпочнување на преговори, а истите почнаа во октомври 2005 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.