Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, повторно порача дека Европската Унија може да ги почне пристапните преговори со Албанија, пред тоа да биде направено со Македонија, доколку не се најде заеднички прифатливо решение со Бугарија за историскиот спор.
Ако повторно наидеме на потешкотии со Македонија, што би значело дека нема да имаме успех во убедувањето на Бугарија и Македонија да најдат заеднички прифатливо решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ние мораме да го разгледаме тоа прашање – изјави Вархеји, одговарајќи на новинарско прашање на „Еуроњуз“ во Брисел.
Прашан дали е опција формалното разделување на двете земји, кои досега одеа во пакет, тој одговори потврдно.
Да, тоа е опција – истакна Вархеји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.