Комесарот за проширување Оливер Вархеји денеска разговараше со министрите за надворешни и европски работи на земјите од Западен Балкан за координација на стратегиите за вакцинација.
„Работам на тоа да се осигураме дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат на располагање на Западен Балкан на време, кога ќе започне дистрибуцијата во ЕУ“, напиша Вархеји на Твитер.
Тој вели дека за таа цел се издвојуваат средства и се координираат активностите.
„Во пандемијата, ние стоиме покрај Западен Балкан, чија иднина е во ЕУ“, порача Вархеји.
Тој рече дека ЕУ ќе им помогне на своите соседи, но и пошироко, со цел заедно да ја победиме пандемијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.