Новите информации кои албанските медиуми на Косово ги изнесуваат откриваат дека полицајката Валдета Блаца, која со службениот пиштол ги усмртила браќата и родителите во Гњилане, во време меѓу убиството на блиските и нејзиното самоубиство, ја спречила тетка си и нејзиниот син да влезат во куќата и да ги затекнат телата.
Да ги одврати од влегување во куќата, таа рекла дека членовите на нејзиното семејство се зафатени, а дека таа брза.
Валдета, која со по два истрела од пиштолот ги убила браќата Блерим (33) и Фисник (34), од кои едниот спиел, а потоа и родителите, мајката Ханифа (66) и таткото Зеќир (70), била сама со нивните тела во куќата неколку часа.
Кога на вратата затропала нејзината тетка, Валдета плашејќи се дека ќе ги види телата на нејзините блиски, ја избркала велејќи дека домашните се зафатени, а дека таа брза. Ја затворила вратата, а кога тетка и и нејзиниот син почнале да се оддлачуваат слушнале уште еден истрел. Тоа бил моментот кога Валдета си пресудила на себе. Веднаш повикале полиција која затекнала страшна глетка.
Порталот Репортери навел дека полицајката подолго време го планирала злосторството и наводно претходниот ден ја прашала тетка си колку чини погреб и наводно ѝ дала 12.000 евра, не кажувајќи и за што се. Се испоставило дека тие пари наводно биле наменети за погреб на целото семејство.
Во медиумите на албански се појавила информација дека на полицајката ѝ било одземено оружјето, но дека таа кришум го зела во вторникот како би го направила злосторството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.