Kосовскиот премиер, Авдулах Хоти, тврди дека владата постигнала договор за набавка на околу два милиони вакцини против коронавирусот, и дека првите дози ќе пристигнат во февруари.
Хоти објасни на прес-конференција дека со компанијата „Фајзер“ е договорена набавка на 535.000 вакцини, со Австрија 600.000, а преку програмата „Ковакс“ се обезбедени околу 720.000 дози вакцини, пренесува Коха.
Како што рече, први ќе бидат вакцинирани постари од 65 години и здравствени работници, а околу 20.000 граѓани ќе се вакцинираат дневно.
Како што истакна, вакцините ќе бидат бесплатни.
Директорот на Институтот за јавно здравје во Приштина, Насер Рамадани, рече дека секое вакцинирано лице ќе добие картичка за имунизација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.