Со одлука на министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, разрешен е надлежниот за вакцинација во Здравствениот центар на островот Крф поради тоа што не се придржувал до критериумите за приоритет за вакцинација и вакцинирал „преку ред“.
Од грчкото министерство соопштија дека Кикиљас, освен разрешувањето на одговорниот, побарал од управителот на болницата, да покрене постапка за непочитувањето на одлуките.
Одлуката на министерот за здравство, доаѓа по написите во медиумите дека надлежниот за вакцинација, дал приоритет на новинар-издавач од островот да се вакцинира, иако во овој период, вакцината во Грција е достапна само за здравствените работници и лицата над 80 годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.