Во следните 10 дена во српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ треба да пристигнат резултатите од валидацијата на првата пробна серија од 2.000 шишиња „спутник В“, кои се испратени на проверка во рускиот институт „Гамалеја“.

Ако одговорот е како што се очекуваше во „Торлак“, од крајот на мај или почетокот на јуни, може да започне редовна испорака на супстанцијата на секои две недели и производство на „спутник В“ во Националниот институт во Кумодраж.

Министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ се надева дека резултатите од контролата на пробната серија ќе бидат добри.

Производството на „спутник В“ во Србија би било првенствено наменето за потребите на нашата земја, но исто така мора да им помогнеме на сите во регионот, вели Поповиќ.

Во оваа, прва фаза на производство, супстанциите се добиваат од Русија, а шишињата се полнат и се дистрибуираат од Србија. Во мај, најдоцна на почетокот на јуни, ќе започне изготвувањето на физибилити студија, која ќе биде завршена до крајот на годината, а потоа ќе се знае што е потребно за целосен циклус на производство.

Произвоството на „спутник В“ би била голема шанса за „Торлак“, во кој се надеваат дека целосниот циклус на производство ќе биде можен следната година. За тоа ќе биде потребна нова опрема, која, како што веќе најави претседателот Александар Вучиќ, ќе се набави со помош на државата. Проекцијата е дека во опрема, уредување и инфраструктура ќе бидат инвестирани 38 милиони евра



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.