Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ на денешната владина седница соопшти дека вкупниот број на случаи во последните седум дена е 17.000, што е за 28 проценти помалку од претходните седум дена.
Божиќ е за два дена, ова беше тешка година, но многу е важно сега да не се опуштиме за да не бидат празниците критични за оние кои се во најкревко здравје. Затоа е многу важно да се намали дружењето што е можно повеќе во овој период, рече Пленковиќ.
Тој најави дека околу 9000 дози вакцини против ковод-19 ќе пристигнат во Хрватска за неколку дена.
Оние на кои им е најпотребно ќе бидат вакцинирани. Тоа се сограѓани во домови за стари лица и изнемоштени лица, работници во системот на социјална заштита и работници во здравствениот систем . Досега нарачавме 5,9 милиони дози вакцина, ќе ги покриеме потребите на целото население во Република Хрватска. Вакцинацијата ќе биде бесплатна и на доброволна основа. Успехот во борбата против епидемијата ќе зависи од бројот на лица кои се вакцинирани – нагласи тој.
Министерот за здравство Вили Берош повтори дека првите дози на вакцината пристигнуваат на 26 декември, а ќе пристигнат 9.750 дози на вакцината.
Откако Агенцијата за лекови и медицински помагала издаде согласност, вакцинацијата започнува на 27, 28 и 29 декември, односно во деновите на вакцинација против коронавирус на ЕУ. Планот за дистрибуција на вакцините е развиен според окрузите, рече Берош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.